Се проценува дека во Европската унија приближно 1 милион работници се изложени на минерални масла како искористени моторни масла. Искористените моторни масла се класифицираат од страна на IARC, како канцерогени за луѓето (Група 1), што значи дека се знае дека предизвикуваат рак на кожата кај луѓето.
Главниот начин на изложување, на кој му се припишуваат и главните патологии или негативни ефекти, е дермалниот пат. Тоа значи дека изложеноста се појавува кога кожата е контаминирана со искористени минерални масла. Изложеноста на овој тип на масла може да предизвика рак на кожата. Од друга страна, изложеноста по пат на вдишување (инхалација) е малку веројатна.
Каде се појавуваат ризици?
Искористените моторни масла може да се најдат во сите возила или машини со мотори со внатрешно согорување, како што се автомобили и мопеди, дизел локомотиви, бродски мотори, авиони и преносливи машини, вклучувајќи моторни пили и косилки. Може да се најде и на места каде што се ракува со отпадот од одржувањето на ваквите мотори, било за преработка и отстранување или за повторна употреба или обновување. Отпадните искористени моторни масла повторно се користат како адитиви во производството на цементи и како врзива во зрната на гумените асфалти при изградба на патишта.
Работниците за кои има најголема веројатност да бидат изложени на отпадни моторни масла се оние кои се вклучени во одржување, поправка или прилагодување на овие мотори. Особено, професијата автомеханичар или механичар на која било друга опрема со мотор со согорување, како и операциите кои вклучуваат цедење на моторното масло или контакт со импрегнирани делови, ќе бидат најмногу изложени на ризик.
Други професии кои се изложени на ризик од дермална изложеност на искористени моторни масла се оние поврзани со обновување, регенерација или рециклирање на отпадот од возилата, како што се работниците на отпади, управувачи со отпад задолжени за собирање на искористени моторни масла.
Повеќе за супстанцијата
Минералните масла кои претходно биле користени во моторите со внатрешно согорување се рафинирани нафтени продукти со хемиски адитиви кои се користат за подмачкување и ладење на подвижните делови во моторот, како и за заштита на металите од корозија.
PAH (Polycyclic aromatic hydrocarbons / Полициклични ароматични јаглеводороди) се сметаат за причина за канцерогеност. Неискористените минерални моторни масла имаат многу ниска содржина на PAH и затоа не се сметаат за канцерогени но, при нивната употреба кај моторите со внатрешно согорување се случуваат промени во нивниот состав, главно поради зголемените температури и акумулацијата на несогорени остатоци од гориво и производи од согорување, заедно со присуството на воздух.
Овие промени во составот доведуваат до значително зголемување на содржината на PAH, што ја зголемува опасноста од користењето на маслата. Содржината на PAH се зголемува со должината на времето на користење на маслото во моторот, а исто така и со бројот на километри на користење на маслото.
Кои се симптомите и како можат да влијаат на вас?
Кога кожата е импрегнирана со искористени моторни масла, или директно или преку контакт со исфлекана облека, може да дојде до појава на иритација и алергиски реакции. Забележани се и ефекти како егзема, вишок маснотии на кожата и акни. Дополнително, како што беше споменато и погоре, покажано е дека дермалната изложеност на искористените моторни масла предизвикува рак на кожата, забележан во скротумот. Ракот на скротумот е ретка болест, поврзана само со професионална изложеност. Тоа e воедно и првата професионална болест што била опишана и е поврзана со професијата оџачар.
Што можете да направите?
Најдоброто решение е да се контролира изложеноста преку елиминација или замена. Меѓутоа, бидејќи PAH потекнуваат од процеси на согорување, не е лесно да се елиминира или замени оваа супстанца. Затоа е од суштинско значење да се затвори изворот за да се намали дермалната изложеност, што најмногу произлегува од истекување, прскање или импрегнирани површини.
За најчестите работни задачи поврзани со одржување на моторот, опцијата за користење на затворен систем не е изводлива, бидејќи е потребна човечка мануелна интервенција од страна на лицето кое ги извршува задачите. Сепак, може да се инсталираат системи со инка за собирање на отпадното масло од локација многу блиску до излезот/отворот, што ќе спречи прскање на кожата, очите, облеката или блиските површини. Контејнерите за собирање отпадно масло треба да бидат соодветно дизајнирани така што ќе се спречи истекување или прскање.
Од особена важност е воспоставувањето и надгледувањето на процедурите за безбедно ракување, како за самото масло, така и за импрегнираните делови, вклучително и употребата на извалкани абсорбентни крпи или хартија и соодветни контејнери во кои се чува отпадот.
Секогаш кога се изведуваат мануелни операции што може да доведат до контакт на кожата со искористеното масло, треба да се носат заштитни ракавици и очила, како општо правило и во зависност од специфичните техники што се користат, и во согласност со наодите од проценката на ризикот. Ракавиците треба да се изработени од материјал непропустлив за средства, како што се винил или нитрил, и треба да ја покриваат целата површина на раката.
Како генерално правило, ракавиците за еднократна употреба треба да се фрлат секој пат кога работникот ќе ги отстрани. Во случај да се користат ракавици за повеќекратна употреба, тие треба правилно да се измијат пред да се отстранат од рацете, за да се избегне појава на дамки (флеки) на рацете по отстранувањето и последователно повторно нанесување на ракавицата на контаминирана кожа. Меѓутоа, при изборот на најсоодветниот тип на ракавици, треба да се земе предвид дали се ракува и со други опасни производи или дали е неопходно да се обезбеди заштита и од други опасности како што се изгореници, исеченици, прободување итн.
За работа на одржување каде што возилото треба да се подигне за да пристапи до долната страна, неопходна е употреба на очила за заштита на очите на работниците од прскање. Исто така може да се користат и штитници за лице.
Гранични вредности
Work involving dermal exposure to mineral oils that have been used before in internal combustion engines to lubricate and cool the moving parts within the engine
Read directive 2019/130/EU here
Country | National limit value | National reference | |
---|---|---|---|
Austria | EU directive | To be included | |
Belgium | EU directive | To be included | |
Bulgaria | EU directive | To be included | |
Croatia | EU directive | Croatian reference | |
Czech Republic | EU directive | To be included | |
Cyprus | EU directive | To be included | |
Denmark | EU directive | To be included | |
Estonia | EU directive | To be included | |
Finland | EU directive | To be included | |
France | EU directive | French reference | |
Germany | EU directive | German reference | |
Greece | EU directive | To be included | |
Hungary | EU directive | Hungarian reference | |
Iceland | EU directive | To be included | |
Ireland | EU directive | To be included | |
Italy | EU directive | To be included | |
Latvia | EU directive | To be included | |
Lithuania | EU directive | Lithuanian reference | |
Luxembourg | EU directive | To be included | |
Malta | EU directive | To be included | |
North Macedonia | - | To be included | |
The Netherlands | EU directive | To be included | |
Norway | EU directive | Reference | |
Poland | EU directive | To be included | |
Portugal | EU directive | Portuguese reference | |
Romania | EU directive | To be included | |
Serbia | - | To be included | |
Slovakia | EU directive | Slovakian reference | |
Slovenia | EU directive | Slovenian reference | |
Spain | EU directive | Spanish reference | |
Sweden | EU directive | Swedish reference | |
Turkey | - | To be included | |
This data was carefully collected. However, the data is subject to change and was last updated July 6, 2023 2:37 pm. |
Референци: IARC, Студија за проценка на влијанието за минерални масла, Nowak et al. (2019)